Ако не си љубел…

Ако не си љубел повеќе од вистината што може да љуби, не си љубел доволно

Ако не си ја допрел месечината по ѕвездите што оди, не си знаел љубов што е,

Ако не си пролеал солзи од песок кои и океани сушат, не си имал љубов во душа,

Ако не си имал срце од кристал, чисто како момина солза, кај тебе немало љубовна болка,

Ако не си умрел еднаш од помисла дека нема да ги видиш нејзините очи, не си воскренесал од љубов која со бодеж крвта ја точи ,

Ако не си  налеел вино од храмот на боговите, за да ги опееш стиховите, не ги познаваш на љубовта миговите,

Ако ни малку не си треперел пред нејзиниот глас, пред нејзиниот стас, не си почувствувал како

Љубовна стрела доаѓа од Амор кон тебе вјас.

Тешко дека си живеел со љубовна болка, ако не си љубел повеќе од живот, повеќе

Од она што љубовта може вистински да љуби.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели