Повторно самрак.
Долга, бела ноќ,
Мост кој спојува два брега..
Едниот повисок, речиси онемен.
Изморен од животот и катадневните борби.
Со насмев на лицето, поглед на новороденче, кое тукушто заплакало.
А, плаче цел живот.
Го движи погледот кон оној спротивниот.
Се штрекнува.
Гледа кон мостот кој го беше наврел бодликавиот капут, та не можеш да зачекориш.
Мрак, глув, по малку и глупав.
Срцата празни.
Другиот пак, упорно зјапа кон високиот.
Можеби се восхитува на неговата цврстина.
Брег или карпа.
Го занемарува секое бодликаво парче, или добро ја крие болката од раните.
Чекори со погледот, не мислејќи на последиците.