Најубавиот подарок – свесниот живот – Сања Велкакова

Ана никогаш повторно не застана да го губи времето мислејќи што ќе се случи следно. Таа ја запозна љубовта на својот живот и реши никогаш повеќе да не жали за тоа што ѝ се случи. Си даде ветување пред себеси и Бога дека ќе му се радува на секој нов ден, дека ќе верува во подобро утре, се заколна дека ќе го сака Алекс и во најтешкото, но и во најдоброто! На моменти знаеше да подзастане и да го помириса денот, да се присети што беше и што постана. На моменти подзастануваше заради себе, заради себеоткривањето кое допрва следи. Подзастануваше затоа што премногу се сакаше себеси за да се напушти прерано.

Подзастануваше за да се присети дека омразата не ја води никаде и дека некои личности мора да си заминат за да пристигнат нови. И кога го правеше ова, дишеше посвесно од кога било. Тој беше причината зошто Ана сега е најпосакуванта девојка на светот. Поради него научи да живее свесен живот. Поради него повторно се почувствува жива. Тој беше новата терапија која требаше да ја прима секојдневно, на секоја секунда, на секоја милисекунда, цел живот.

Тој се согласуваше со неа уште од првиот поглед, а тоа го правеше и на секој нареден. Алекс реши никогаш да не ја изгуби од видик. Реши да го помине животот со неа, затоа што ја препозна нејзината душа која толку многу посакуваше да биде сакана, сакајќи. И тој се заколна во себе и пред Бога дека ќе ја сака и во најдобрите, но и во најлошите моменти. Се заколна на љубов за која нема да прочитате во ниту една бајка која постои. Се заколна дека ќе ја лекува, макар тоа било до крајот на животот. Се заколна дека ќе ја бакнува и прегрнува секојдневно.

Се заколна дека ќе ѝ биде најголемата поддршка и тогаш кога ќе мисли дека поддршка – нема. Се заколна дека ја прифаќа целосно со сите нејзини предности и сите нејзини маани. Се заколна дека никогаш нема да ја напушти, никогаш нема ја изневери, дури ни во мислите. Се заколна дека ќе ја чека, ако биде потребно. Се заколна дека ќе ја милува секогаш. Се заколна себеси дека никогаш нема да дозволи да ја изгуби личноста која со години ја бараше, по која толку многу талкаше. Се заколна дека ќе посака да живее сто дена, ако таа живее сто и еден ден, за да не мора ниту еден ден да живее без неа!

Тој се заколна на таков живот со неа после кој се раѓаат сите останати животи.

Се заколна дека ќе ја прави среќна, се заколна поради него, таа ќе лее, само солзи радосници, и дури го изговараше ова, Ана се заколна дека и кога ќе треба да си замине, тоа ќе го направи со него за да повторно се препознааат во ВЕЧНОСТА!

Сања Велкакова

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели