Skip to content

Светлина над Стикс

Распослан череп во јама од земјена прашина

О, боли, боли јадосаниот пламен

Неуморен е ударот на омразата

Се влева во реката на заборавот

Стикс!

Остануваш да бидеш јарем на два света

Некои лутаат без оболус во устите;

Нема крвавина се распостила

Низ седум кругови,

Се врти во круг телото на туѓинецот

Го бара Харон да го однесе

Во светот на изгубените души.

Нема опростување за темници

Но духот е светол

Ќе ги осветли крвавите очи на Харон

Ќе преплови водена темнина

Ќе се најде во прегратките на мирот

Спокој ти треба

Небесен прелет.

Нова животна сила.

Напишете коментар