Птиците со илјадници летаат кон светлината,
со илјадници паѓаат со илјадници се удираат,
со илјадници ослепени со илјадници скршени,
со илјадници тие умираат.
Чуварот не може да издржи такво нешто,
тој премногу ги сака птиците,
тогаш тој вели Толку полошо Не ми е грижа!
И тој згаснува сѐ.
Во далечината еден товарен брод потонува,
еден товарен брод кој доаѓа од островите,
еден товарен брод натоварен со птици,
со илјадници птици од островите,
со илјадници удавени птици.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.