Секоја година во текот на летниот распуст родителите на Тодор го носеле кај баба му, а следниот ден со воз се враќале дома. Еден ден момчето им рекло на родителите: „Сега сум веќе доволно голем. Што велите оваа година да патувам сам кај баба?“
После кратка дискусија родителите се согласиле, стоеле на перонот, го испратиле момчето давајќи му последни совети. Момчето си мислело: „Знам, ми кажавте сто пати“. Пред тргнување татко му го прегрнал и му шепнал: „Сине мој, ако одеднаш се почувствуваш лошо и исплашено, ова е за тебе“, рекол и му ставил нешто во џебот.
Првпат во животот момчето седело само во возот, без родителите. Преку прозорот го набљудувало пејзажот. Ги гледало непознатите луѓе кои се туркале и правеле бука, доаѓале и заминувале од купето. Дошол и кондуктерот за да го праша дали е само. На момчето му се причинило и дека еден човек го загледал тажно. Тодор се чувствувал сè понепријатно, почнал дури и да се плаши. Ја свиткал главата, се стиснал во ќошот од седиштето и солзи му потекле по лицето. Во тој миг се сетил дека татко му му ставил нешто во џебот. Со треперлива рака ја побарал белешката и ја отворил. На неа пишувало: „Сине мој, јас сум тука во последниот вагон.
Така е и во животот, мораме да ги пуштиме своите деца и да им веруваме, но секогаш да бидеме тука негде во последниот вагон, да го знаат тоа и да не се плашат.
Прочитајте ја и приказната за деца: „Дедото и репката“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.