Приказна за деца: Дедото и репката

Раните двеилјадити години (барем за мене) беа одбележани од едно нешто: ЦД – ата со поучни приказни што можеа да се најдат на секоја тезга, со секој секој весник и во секое ќоше на нечија куќа. Една од тие приказни беше и оваа за дедото и репката. Иако постојат многу наслови, многу верзии и начини на прекажување сепак, поуката е иста: Заедно сме посилни! Заедно можеме сѐ!

„Посадил дедото репка. Репката пораснала голема и преголема.
Почнал дедото да ја корнe репката од земја: повлечи – потегни, не може да ја искорнe.
Ја повикал дедото на помош и бабата.
Бабата за дедото, дедото за репката: повлечи – потегни, не можат да ја искорнат.
Ја повикала бабата на помош и внуката.
Внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репката: повлечи – потегни, не можат да ја искорнат.
Внуката го повикала на помош и кучето.

Кучето за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репката: повлечи – потегни, не можат да ја искорнат.
Го повикал зајко на помош и мачорот.
Мачорот за кучето, кучето за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репката: повлечи – потегни, не можат да ја искорнат.
Го повикал мачорот на помош и глушецот.
Глушецот за мачорот, мачорот за кучето, кучето за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репката: повлечи – потегни, ја искорнале репката.“

Прочитајте и со што може Зоки Поки да го купи сиот свет.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели