Тоа е тој воз што забрзано нѐ носи кон сонот:
неговите тркала во слатко лепило тонат.
Напразно се обидуваме да ѕвониме во алармното ѕвоно
бидејќи тоа сето е исполнето со волна.
Која е таа девојка која однадвор дланката ја става
врз прозорецот и наместо пејзаж ја нуди?
А после е премногу доцна кога ќе ни јават
дека возот е над бездна а машинистите — луди.
И кога наоколу ќе се склопи густото море
не стасува да нè полази ниту една морница:
оставајќи ги светлините далеку зад себе горе
возот се претвора во мрачна подморница.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.