Соба со балони – Поучна приказна

Група од шеесетина луѓе присуствувала на еден семинар. Наеднаш говорникот го запрел предавањето и ги замолил присутните да направат еден експеримент. На секој од присутните тој поделил по еден балон и ги замолил на балонот секој да си го напише своето име. Потоа ги собрал сите балони и ги ставил во една соба. Откако ја наполнил собата, ги замолил учесниците да влезат во собата и во рок од пет минути секој да си го најде својот балон. Во собата настанал хаос затоа што сите брзале да си го најдат својот балон.

Поминале петте минути, но никој не успеал да си го најде својот балон. Потоа говорникот ги замолил секој да земе по еден балон и да му го даде на човекот чие што име е испишано на балонот. За кратко време секој го добил својот балон. Говорникот потоа објаснил: „Токму ова се случува во нашите животи. Секој хаотично брза и ја бара својата среќа наоколу, без да знае каде е. Нашата среќа лежи во среќата на другите луѓе. Дајте им ја нивната среќа, ќе ја добиете својата среќа.“

Прочитајте ја и поучната приказна за децата.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели