Skip to content

Буквите танцувaат синхронично – Наталија Н. (Видео)

По повод светскиот ден на поезијата снимив видео за напишаната песна насловена „Буквите танцуваат синхронично“. Прочитајте го текстот, а на видеото слушнете го читањето. Пријатно слушање!

Зборот гради,
зборот руши,
има острина и мекост,
посилен е од меч,
а некогаш послаб од тишина.

Кога стихот сам од себе се раѓа
секој збор си го знае своето место,
тогаш песната го крие недореченото,
а го покажува видливото.

Зборот гради и ѕида
зборот руши и урива,
лага или вистина бидува
тој што го изговорил го прогонува.

Кога стихот сам од себе се раѓа,
молкот се претвора во слика,
бувките танцуваат синхронично,
прстите се чувствуваат магично,
зборот доаѓа, зборот доаѓа.

Буквите танцуваат синхронично
внатрешниот глас звучи мелодично,
зборот доаѓа, не руши,
зборот доаѓа, гради,
е заклучокот што се појави логично,
буквите танцуваат мелодично.


Можеби ќе сакате да ја чуете следнава видео поезија „Улицата“ од Октавио Пас.

Напишете коментар