До кога – Петре М. Андреевски

До кога ова,
до кога ова
овде,
до кога овде вака:
ти да не можеш
да ме прашаш,
јас да не можам да ти кажам?!

Барем да ти беше
убиецот убав,
можеби и тебе
ќе ти беше поубаво
и нам полесно…

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели