За вечерва, од огромното творештво на Конески ги избравме песните „Бура“ и „Врв“ – кратки песни со длабоко значење. Уживајте.
Бура
Колку ненадно иде бурата.
В поле се мрачи, разлава ветар буен.
Демнеме. Сега прва молна ќе светне,
во нас ќе запали силен гнев.
Грмовни тонови, груби, искинати,
и настрвени како душите што ни се
дека во крвје тонеме.
А дали ќе можеш и тивка песна да зачуеш,
како цвет на гради стиснат,
сон, оти смевнато девојче ќе видиш,
како човечкото во тебе да плаче –
дали ќе можеш?
Врв
Еве на врвот се искачив. Сам.
Тука не ме следи око ничие.
И што? Јас во себе пак го шепотам
Жалосниот сон на своето величие.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.