Тоа е како да се разбудиш во затворена ќелија и да најдеш
во џебот разгледница, а на неа една реченица
на непознат ти јазик.
И да знаеш, дека таа реченица е клучот за твојот
живот. И за таа ќелија.
И би минал години, пробувајќи да ја разбереш таа реченица,
за да ја сфатиш конечно на крајот. Но, по некое време,
би ти станало јасно дека си бил во заблуда, дека таа реченица значи
нешто сосема друго. И така би имал две реченици.
А потоа три и четири, и десет, додека не создадеш нов јазик.
И на тој јазик би го напишал романот за твојот живот.
И кога ќе бидеш веќе стар, ќе забележиш, дека вратата од ќелијата
е отворена. Би тргнал по светот. Би го изодил по должината и по ширината
на азбуката, за да закопнееш во сенката на големо дрво
по таа едната реченица на тој непознатиот ти јазик.
Тадеуш Дебровски е полски поет, есеист и критичар. Тој е исто така уредник на книжевниот двомесечен Топос и уметнички директор на Европскиот фестивал на поетот на слободата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.