Skip to content

Предлог книга – „Парфем“ од Патрик Зискинд

Како предлог книга денес книгата „Парфем“ од германскиот современ писател Патрик Зискинд роден на денешен ден во Амбах, Германија. Приказната за еден убиец е книжевен историски фантастичен роман издаден во 1985 година (оригинално објавен на германски како Das Parfum) од германскиот писател Патрик Зискинд. Романот го истражува сетилото за мирис и неговата врска со емоционалното значење што мирисите може да го имаат. Приказната се врти околу главниот лик Жан-Батист Гренуј (на француски гренуј значи „жаба“), несакано француско сираче кое живее во 18 век. Родено со исклучително сетило за мирис, може да разликува огромен спектар на мириси во светот околу него. Гренуј станува парфимер, но почнува да се интересира за убиство кога ќе наиде на млада девојка која мириса чудесно и невобичаено убаво.

Романот се приближува до научна фантастика, но сепак неговата врска со натприродното е чудна и невобичаена што го прави различен од сите други кои сте ги прочитале. Кога го читате романот не можете ни да го замислите крајот колку и да се обидувате. Постојано има нови изненадувања на секоја страница. Aко сакате напнати книги богати со фантастични предели кои се навистина детално опишани, прочитајте ја оваа книга, која нема да ве остави рамнодушни и ве носи директно на местото на настанот на случувањата. Напишан во блескав класичен манир, ритмичен, живописен, ироничен, поинаков од масовната литературна продукција, овој литературен трилер со години е на самиот врв на европската интелектуална проза.

Белешка за авторот

Патрик Зискинд е роден на 26 март 1949 во Амбах, во близина на Минхен, Германија. Студирал средновековна и модерна историја на Универзитетот во Минхен. Зискинд живее и работи во Минхен.

Творештво

Зискинд се појавил на книжевната сцена во 1980 година, со својата прва пиеса „Контрабас“, со која се здобил со меѓународна слава. Во 1985 година го објавил својот прв роман „Парфем“, кој е воедно и негово најпознато дело и светски бестселер. „Парфем“ е преведен на четириесетина јазици и е продаден во повеќе од 12 милиони примероци. Романот е преведен на околу 40 јазици, а македонското издание (во превод на Слободанка Поповска) e објавено во 2005 година, од издавачката куќа “Темплум”.

Во 1996 година, „Парфем“ бил прогласен за роман на годината од страна на Њујорк Тајмс. Оваа награда, по Втората светска војна ја имаат добиено само уште два германски автори: Бернхард Шлинк за романот “Читачот” и Лотар-Гинтер Бухајм за романот “Чамецот”. Зискинд е автор и на книгите „Гулабот“, „Приказна за господинот Зомер“ и „Три приказни и рефлекција“. Зискинд работел и како сценарист, при што, најпознато е неговото коавторство за познатата германска серија „Кир Ројал“.

Прчитајте и Предлог книга – драмата Сирано де Бержерак од Едмон Ростан.

Напишете коментар