Skip to content

Љубов

Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа
И кога најмалку очекуваш, таа од небеса паѓа
Твојте очи за љубов беа толку жедни
Како нејзините мајчински чедни,
Момент на среќа или на тага
За светот мал една обична лага,
За тебе необична непроменлива страст
За неа уште една надмена власт.
Две срца соедини  таа
Но никој не знае за кого е права.
Под брегот натажено срцето се бори
Болка љубовна голема го мори.
Ја чекаш да се појави под месечеви двори
Но реката само пенливо сребрено жубори,
Стануваш поет од љубовна мака
Но знаеш и на тој начин може да се сака!

Напишете коментар