Езеро – Блаже Конески

Задуман, излегуваш сè со истата проклета мисла,
и, како штрекнат на самиот праг,
го откриваш за себе, по не знам кој пат, светот:
езерото под модриот превез на Беласица
во зелен обрач од чинари и кипариси.
И треба, за еден човечки миг, оваа убавина да
ти стане пак обична,
да потоне во тебе како во пеплишта,
да ја снема —
за да бидеш ти пак нормално несреќен човек
како повеќето наоколу.
Но колку е, сепак, драгоцен имено тој
интервал
меѓу две угризенија на совеста!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели