За „Лудата жена на таванот“ се зборува веќе долго време. Но навистина, која е таа, која била и како ги освоила срцата на читателската публика од темнините на таванот, прочитајте во есејот на студентката на Филолошкиот факултет, Александра Атанасова.
Лудата жена на таванот
Револуционарниот роман на Шарлот Бронте ѝ дава засолниште на една од првите феминистички хероини во светот – Џејн Ер. Делото ги содржи сите елементи на типичниот готски роман. Но, нешто што ни останува најмногу во сеќавање е патријархалното општество во кое жените биле заробени сите тие години. И читателите, најверојатно несвесно, прават нешто толку табу и нечујно за тоа време, го одвлекуваат вниманието од идеализираната Џејн и го насочуваат кон скриениот имигрант во таванот за кој ќе се зборува и после неколку векови – Берта Мејсон.
Таа е еден исклучително комплексен лик. Многупати опишувана како нестабилната и насилна поранешна жена на саканиот на протагонистот. Епитом на потисната домаќинка во време кога жените биле соголувани само на тоа. Но, со секоја нова свртена страница забележуваме интересни детали. Дали таа е навистина луда, или е неверојатно страстна и моќна жена – закана за едно кршливото машко општество?
Постојат голем број на критичари кои ја сметаат само како една пречка во големата и „револуционерна” љубов на Џејн и Рочестер; Но, навистина, дали има нешто претерано револуционерно во пар кој што оддава впечаток како да е направен во некоја книжевна лабораторија, со доволно доза на совршенство, а сепак без тој пламен кој знае да ни ја заледи крвта, да нѐ допре во утробата и да ја засили секоја емоција што ја чувстуваме во моментот?
Низ целиот свој живот, Берта единствено копнеела за било каква форма на еманципација од страна на нејзиниот сопруг. Ја загубила слободата во истиот момент кога станала заробеник на таванот, навидум за нејзина заштита, а општеството тоа го голта како добро зготвена велигденска вечера. Бидејќи навистина, како може една обична жена да знае што е најдобро за неа?
Можеби тоа е причината зошто толку многу жени во денешното општество сочувствуваат со Берта. Таа е застапник на лик чие отстуство длабоко е почувствувано во книжевноста. Несреќна жена заглавена во брак што ја гуши. Создавајќи ја Берта, Бронте успеала да направи нешто што до тогаш не било направено; таа успеала да ја хипнотизира читателската публика со линк на една силна жена која што отсекогаш била планирана за во второт ред.
Прочитајте за „Шарлот Бронте – Џејн Ер“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.