Во кал – Јовица Тасевски-Етернијан
Темната нишка,
 колебливата сестра
 на петте сјајни ќерки
 кои бодро се гласат,
 ја запретавме во кал,
 ја затрупавме
 со песочиште, со чакалиште,
 со камења, со карпи *
(за да не се гледа,
 кога веќе не може
 да не се слуша
 нејзиниот придушен крик)
И пак без запир ’рти!
* Цитат од песната „Стерна“ од Блаже Конески
Од збирката „Исход“.
Прочитајте ја и „Наследство. Коњаници на сродните“ – Јовица Тасевски-Етернијан.

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

