Skip to content

Излезе од печат стихозбирката „Љубовни писма за еден прилепчанец“ од Лина Димоска

Стихозбирката „Љубовни писма за еден прилепчанец“ е дебитантска книга на младата прилепчанка Лина Димоска. Во книгата песните се ненасловени, и се педесет на број со љубовна содржина. Неколку песни содржат стихови во кои се опеани места во градот Прилеп. Детали за промоцијата ќе следуваат наскоро. Дотогаш, книгата може да се порача директно преку авторката, а чини 200 денари. Лина Димоска е дел од авторскиот тим на блогот Крајбрежје, живее и работи во Прилеп,  а дипломирала при Економскиот факултет во Скопје, 2018 година.

Напишете коментар