Саинџаргал Начин е роден на 1 февруари 1991 во Улан Батор, Монголија. Поет, новинар и еден од лидерите на новата генерација монголски поети. Дипломирал во 2012 година на Факултетот за општествени науки на монголскиот национален универзитет во Улан Батор, Монголија. Член на Здружението на монголски писатели, работи како извршен член на Советот за верификација во Здружението на монголски писатели. Ја добил титулата „Најдобар поет за љубовна поезија“ на 13от фестивал по име „Бела планина“ на 7 октомври 2010 година. Добитник на годишната поетска награда “BOLOR TSOM“ („Кристален пехар“ за најдобар млад поет во 2013 година). Ги објавил следните поетски книги: Звукот на скршеното срце во 2010, Нов мирис во 2012, Хармонија на умот на 10 декември 2013, и Инспирација на 16 декември 2016 година.
Дoжд
Откривам дека почетокот е поинтересен од крајот.
Осетливи и кршливи, темни капки на дожд
Слушајќи го тесниот пресек меѓу задоволството и огорченоста
Се истураат долго време од небото.
Стрелката на часовникот што пулсира лесно
Во долгото вртење покажува кратко мерење
Како кружен ритам го впива просторот
Кристалните капки приземјуваат во најсветли светлосни нијанси
Ако застанам да го слушнам звукот како се крши во секој миг,
Ја жалам сопствената желба да бидам вечно мокар до гола кожа
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.