Skip to content

Среќа – Ива Марија Зероска

  • by

Знаете, среќните луѓе не пишуваат. Пишува оној кој нема што да изгуби повеќе, за она кое го изгубил. А секогаш ги губиме оние кои ни се среќа, а можеби и во тоа е проблемот, што среќата ја наоѓаме во некого. Можеби среќата треба да си бидиме ние себеси, а оваа реченица си ја кажуваме сите по многу пати, но никој не ја применил. Не ја применил само затоа што среќата е поинаква кога се чувствуваш сакан, кога си во нечија прегратка, кога цел свет е во една личност. Па затоа цел свет ти се руши кога таа личност ја нема повеќе, станува странец. Странец со познат парфем кој некогаш ти бил среќа, а денес само минувач со кој се судираш за само еден допир.

Допир кој ти ја полни празнината, а празнината со еден допир и не се пополнува. И кога би знаеле однапред дека среќата ја губиме би прегрнувале повеќе и посилно, бидејќи прегратката е онаа која ги спојува сите оние разлетани делови и оние најмалите. Прегратката е допир на срцата, за да чукаат во совршена линија. А кога е во прашање срцето тоа е тука за да нè одржува во живот и да ни прави болка низ цело тело. А можеби таа болка си ти, која прави хаос во сите четири комори, артерии и вени. Болка која не и дава на крвта да течи совршено, затоа што таа функција си ја вршел баш ти. Па затоа ни останува таа болка за да ја напишеме на лист за читателите да се пронајдат во нашата приказна. И можеби затоа среќните луѓе и не пишуваат.

Ива Марија Зероска

Напишете коментар