Изгрејсонце

Помина полноќ. Никој не дозна каде беше денва, годинава, летово кога беревме цреши
Не кажа никому дека ја држеше мојата рака
Кога изгреваше сонцето.
Тогаш цутеше багремот, на сред летнина, после касна пролет.
За нас од тој ден не постои зајдисонце.
Помина пладне. Не очекувам да дојде полноќ.
Застанувам во дослух со времето.
Се нишам со пладневниот воздух.
Трансцеденција
Во воздухот на егзосферата
Бегаат честитчките на времето.
Се претопуваме во еден универзум
За нас постојат само изгрејсонцата.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели