Денот го започнуваме со оваа преубава песна на Влада Урошевиќ низ чии стихови се вејат и проткајуваат оние нестварни елементи измешани со реалноста што секојдневно нè опкружува. Што доживуваат сонувачите на Урошевиќ во своето пијанство прочитајте подолу.
Во собите плодови зреат.
Земаат од нив два-три.
Душкајќи ја животинската реа
лутаат низ празните театри.
Меѓу старите карти на светот
им се клешти животно грубо.
Се наоѓаат подоцна во кабинетот
водејќи со укротителката љубов.
Скокаат на нив од ложите
жолтиот лав и црниот бивол.
Откога ќе им ги одерат кожите
во крчмите на сонот пијат пиво.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.