Како книгите го менуваат животот на луѓето? – Даница Среткоска

Книга…збир на пишани, печатени, илустрирани страници, обична хартија, а понекогаш и скриено богатство. Со книгите се запознаваме од најрана возраст. Кога родителите им читаат приказни на своите деца, кога тргаме во училиште и ги учиме првите букви од читанката. Кога читаме лектири, светски романи, па и белетристика. Сето ова спаѓа во “фамилијата” на книги. Но, всушност, прашање е како книгите го менуваат животот на луѓето? Марк Твен рекол: „Нема разлика помеѓу некој што не чита книги и некој што е неписмен”. А и во право бил, затоа што тој некој научил да чита од книгите, и не продолжува да чита и со текот на времето повторно станува неписмен. Затоа што книгите се огледало на луѓето, деца на умот. Тие се терапија за умот, а што е најважно, батеријата никогаш не им завршува. Книгата е збир на пишани зборови, чувства, вистински приказни, често поучни.

Преку книгите дознаваме за настанокот на Светот, за историјата на нашата татковина, па нели, секоја ера си има своја книга, а без зборови, без пишување, без книги, немаше да има историја, немаше да има концепт за човечност. На пример, кога купуваме книга, не купуваме само половина килограм мастило, лепак и хартија, туку и сосема нов живот. Купуваме љубов, пријателство, хумор и бродови што пловат ноќе. Ако таа книга е навистина книга на начинот на кој јас ја разбирам, ги има сите галаксии и ѕвезди во неа. Сакајте ги книгите. Тие ќе ви го направат животот попривлечен, ќе ви служат пријателски, ќе ви помогнат да го пронајдете патот низ заплетканата и бучна конфузија на мислите, чувствата и фактите. Ќе ве научат на почит кон себе и кон другите.

Ќе ви ги наполнат срцето и умот со љубов, за светот и човештвото…Ако се уште не ви е јасно како книгите го менуваат животот на луѓето, и сѐ уште се прашувате како една книга може да ме промени, земете книга во раката, книга, за која некогаш сте мислел/а дека е дрво, и почувствувајте ја нејзината маѓија. Пробајте и споделете.

Даница Среткоска

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели