Тадеуш Ружевич (9 октомври 1921 – 24 април 2014) – полски поет, прозаист, драмски писател и сценарист. Од долгото и плодно книжевно творештво на Ружевич, на полската и светската книжевност им остануваат во наследство пет збирки раскази, 30 поетски книги, 12 драми и неколку сценарија кои ги напишал заедно со Корнел Филипович и братот Станислав Ружевич. Споделуваме негова песна во спомен на неговото заминување во вечноста.
Трн
не верувам
не верувам од будење
до легнување
не верувам од брегот до брегот
на мојот живот
не верувам толку отворено
длабоко
како што веруваше мајка ми
не верувам јадејќи го лебот
пиејќи ја водата
сакајќи го телото
не верувам
во неговите храмови
свештениците знамените
не верувам на градската улица
во полиња на дожд
на воздух
на златото на благовештението
ги читам неговите повести
едноставни како клас пченка
и размислувам за господ
којшто не се смееше
размислувам за малиот
бог кој крвари
во белите
марамачиња на детството
за трнот кој ги гребе
нашите очи уста
сега
и во часот на смртта
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.