Skip to content

Поучна приказна: Мудриот човек и грижите

Луѓето оделе кај некој мудрец жалејќи се секогаш за истите проблеми. Еден ден им раскажал виц и сите се насмеале. После неколку минути им го раскажал истиот виц и само неколкумина од нив се насмеале. Кога по трет пат им го раскажал вицот никој повеќе не се смеел. Тогаш мудрецот се насмевнал и им рекол: „Не можете да се смеете на истата шега повеќепати. Па зошто секогаш плачете поради истиот проблем?

Наравоучение: Грижата нема да ги реши вашите проблеми само ќе ви одземе време и енергија.

Прочитајте ја и следнава приказна: „Што се мрда – зен приказна“.

Напишете коментар