Најубавите цитати за Велигден што ја будат надежта во нас

Следниве цитати за Велигден ја будат надежта во секој што ќе ги прочита. По повод велигденските празници ги споделуваме на блогот. Да се потсетиме што означува овој празник и што симболизира воскреснувањето преку мислите на неколкумина мудри луѓе што живееле во минатото и денес. Прочитајте ги во продолжение.

1. „Надежта е голем велигденски дар.“ – Василиј Хјум

2. „Велигден нè учи дека животот никогаш не престанува и љубовта никогаш не умира.“ – К. Мекгахан

3. „Воскреснувањето на животот му дава смисла, насока и прилика за нов почеток, без оглед на околностите.“ – Роберт Флат

4. „Велигденската радост нека нè воздигне од осаменоста, слабоста и очајот кон силата, убавината и среќата.“ – Флојд В. Томкинс

5. „Не му се препуштај на очајот. Ние сме луѓе на Велигден и алелуја е нашата песна.“ – Папа Јован Павле II

6. „Семејствата се собираат за да го слават Велигден. Има ли подобар начин да се прослави од неколку часа посветени на патување кон Христовиот живот?“. – Ромa Дaуни

7. „Ја навистина верувам дека Бог е љубов, милост, простување и вдахновение“. – Вилијам П. Јанг

8. „Секој маж и секоја жена нека се сметаат себеси за бесмртни. Нека го откријат Исусовото воскресение во своето воскресение. Нека не велат “Христос воскресе“ туку “Јас ќе воскреснам“. – Филипс Брукс

9. „Нашиот Бог напишал ветување за воскреснување, не само во книгите туку во секој лист во пролетта.“ – Мартин Лутер

10. „Велигден ми е многу важен. Тој е втора шанса.“ – Реба Нел Мекентајр

11. „Велигден ја изговара убавината, ретката убавина на новиот живот.“ – С.Д. Гордон

12. „Кога ќе го скршите велигденското јајце од чоколадо се појавуваат насмевки.“ – Ентони Т. Хикс

13. „Велигденското јајце ја симболизира нашата способност да се извадиме од цврстата, заштитна лушпа со која сме опкружени.“ – С. Шо

14. „Го навестуваме Христовото воскреснување кога неговото светло ги осветлува мрачните моменти од нашето постоење.“ – Папа Франциск

15. „Велигден е Божја демонстрација дека животот се состои во духовноста и безвременоста.“ – Чарлс М. Кроу

16. „Божиќ не би постоел да не постоеше Велигден.“ – Гордон Б. Хинкли

17. „Велигден кажува дека вистината може да ја ставите во гроб, но таа нема таму да остане.“ – Кларенс Хол

18. „Велигден е единствено време кога сосема сигурно е сите јајца да се стават во една кошничка.“ Еван Есар

19. „Јас сум воскреснување и живот.“ – Иван 11:25

20. „Воскреснувањето е сржта на нашето верување како христијани. Без тоа нашата вера нема смисла.“ – Џозеф Б. Виртлин

21. „Велигден би требало да биде симбол на надежта, обновата и новиот живот.“ – Жанин ди Џовани

Прочитајте ги и следниве моќни цитати за надежта.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели