Сонет бр. 73 – Вилијам Шекспир

Седумдесет и третиот сонет на Шекспир е сонет посветен на стареењето, на минливоста на животот и она крајно зајдисонце што доаѓа. Со овој сонет Шекспир не сака да нѐ паничи со фактот дека мракот се наближува, туку нѐ потсетува само дека времето полека, но сигурно изминува и баш затоа треба токму да сме сега – тука и таа сегашност да му ја препуштиме на љубовта и оние благодети што животот ни ги носи.

Во мене, може, онаа ја гледаш доба
кога жолтите лисје, ал ич ал ретко висат
по тие вејки пред студот што се снобат,
певници пусто штури, до скоро полни птици.
Во мене, може, го гледаш самракот од денот
по зајдисонце што гине на запад;
па набргу ноќта си го зема пленот,
двојникот на смртта, што сѐ в спокој лапа.
Во мене, може, ја гледаш жарта од тој пламен,
што врз пепелта од младоста е збрана,
небаре одар што ја праќа в замин
согорено штом е она што ѝ било храна.
Но види ме стварно и љубовта нека ти живне
за да го љубиш она што мислиш бргу ќе си мине.

  Препев: Проф. д-р Драги Михајловски.                

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели