Владимир Јанковски е прогласен автор на годината (популарноста и влијателноста на авторот, придонесот во афирмацијата на книжевноста во и надвор од државата; бројот на странски преводи; успесите од продажбата).
– За автор на годината го прогласуваме Владимир Јанковски, кој е годинашен македонски кандидат за наградата за литература на Европската Унија за романот „Скриени желби, немирни патувања“. Книгата на Јанковски беше и македонски кандидат за наградата „Балканика“. Јанковски е истакнат книжевен деец, критичар, преведувач и автор на три романи. Наскоро се очекува второ издание на неговата последна книга, а во тек се нејзини преводи на чешки и српски јазик – вели жирито. Признанието за најкреативно издание ѝ е доделено на „Во главата пишувам расказ“ од Елизабета Баковска и Сашо Димоски (самостојно издание), второто место е за „Finger print art“ („Арс ламина“), а третото за „Игра со придавки“ од Оливија Георгиевска, илустрации на Јована Велинова-Трајанова („Арс ламина“).
– Едицијата „Целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова“ е сочинета од десет тома, во кои се сместени 12 наслови за возрасни. Го вреднуваме како најквалитетен овој издавачки проект и во исто време исклучителен чин за истакнување на „мајката на македонската книжевност“, за кој сметаме дека е уреднички одлично сработен, со добар и унифициран изглед на кориците – велат од жирито.
За целиот текст прочитајте на следниот линк.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.