Skip to content

Избор песна од руската поетеса Ана Ахматова

Ко невеста примам јас
Сека вечер писмо, се радувам
А во доцен ноќен час
На милиот му пишувам.

По патеката во мрака
Одам на гости кај смртта бела.
Никому, мил мој, не му сакај
Лошо на земјата цела.

И ѕвездата крупна в ноќта глува
Меѓу две стебла што стои,
Толку спокојна, ветува
Исполнување на сните мои.

1915 г.

Напишете коментар