Твојот портрет – Благица Гаврилоска

Очите твои се,
посјајни од ѕвездите
на вечерното небо.
Во погледот твој
живеат секавици и молњи.
топли како сончеви бури.

Во насмевката твоја
свети добрината топла
и вечната и мила
душевна убавина
ретка и сериозна
карактерност те краси.

Зазвезденото ти чело
го врамила коса
црна и сјајна
како вечерно небо
осветлено со златна
месечева светлина.

Затегнати тетиви
на атлетското ти тело
градат лакови со
божествен склоп,
Баш онака како,
славниот Микеланџело да те вајал .

И сè од тебе блеска
како од свод небески и
љубовта со песна облечена и
со насмевка осветлена,
од усните ти тече медовина
со секој твој збор изговорен

Толку мила и медена е
таа твоја насмевка е единствена
никогаш досега невидена
каде беше ,каде постоеше
која беше таа среќница
што со тебе живот делеше.

Во мене радост и љубов бликнаа
како сончевина ме осветлија
кога пред тебе застанав
и твојот лик го погледнав
натажен и сам оставен
од скорешното вечно збогување.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели