Има луѓе
За кои срцето сака да си спомне
И душата да ги поздрави
Спомените во мислите да ги врати
А зборот пишан силно да ги прегрни!
Има луѓе
Кои во другите ги гледаш
Толку брзо заминуваат,
што не стигнуваш ни кафе со нив да испиеш!
Ама во утрото ќе ги донесеш
Во чувствата кои ти ги изгравирале,
таму време со нив ќе си минеш!
Има луѓе
Со кои заспиваш
И со кои се будиш
Ете за нив да можеш,
повеќе пати би се родил!
Како тој ден кога за прв пат ги виде!
Има луѓе
За кои срцето ти чука
И душата како трпеза полна тие
Има луѓе
Како тебе убавино Божја
За кои цел живот ќе се пишува
Инспирацијата од твојата појава во сржта се вградува!
И тука зад градите ти остануваш!
Има луѓе
Како тебе Фросе моја
Кои те однеле во нивната длабочина
Таму те запознале со нивната креација
Таму ти подариле нешто што
само еднаш се поклонува,
таму те прегрнале толку силно што
тоа никогаш не се заборава!
Има луѓе
Како тебе убава моја Фросе
Кои уметноста ја остават
Насекаде каде што ќе поминат
Вниманието го задржуваат
Насекаде каде што нивната искреност
мост изградила!
Има луѓе
Има уникатности
Има посебности
Има Божји дарови
Како тебе прекрасна моја Фросе
Кои човекот во привилегија го облекле
Круната на значајноста му ставиле
Незаборавен дел во животот му донеле!
Благодарна сум што те имам
во мојот живот!
Продолжи да менуваш
Продолжи да подигаш
Продолжи сонот на нечии
да го исполнуваш!
Зашто тоа е нешто ретко,
а ти го поседуваш!
Посветено за уникатната Фросе Левковска!