Му реков на срцето, на своето срце слабо:
зар не е доста љубената да се љуби?
и зар не гледаш дека непрестајно се губи
среќата и паѓа во заборав длабок?
Не, никогаш не е доста, срцето ми враќа,
не е доста љубената да се љуби:
зар не гледаш дека непрестајно се губи
минатата среќа и ублажена се враќа?
Му реков на срцето, на своето срце нежно:
зар не е доста тагата која ме мори?
И зар не гледаш дека непрестајно гори
болката прежна на секојдневјето мрежно?
Не, никогаш не е доста, срцето ми враќа,
не е доста тагата која вечно те мори:
зар не гледаш дка непрестајно гори
и старата болка ублажена ја враќа?
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.