Еден млад човек сакал да го надмудри својот учител, но не знаел како. По долго размислување конечно му дошла идеја и со таа мисла потрчал на спиење. Утредента, штом зората зазорила и птиците почнале да пеат, младичот станал и по неколу обиди конечно уловил една мала птица и ја скрил во рацете склопени зад грбот. Потоа отишол кај учителот и го прашал: „Учителе, дали птицата што ја држам во рацете е жива или мртва?“ Ако учителот одговори „мртва“ ќе ја пушти да одлета. Ако учителот одговори „жива“, тој едноставно ќе ѝ го свитка вратот. По неколку минути молк, учителот одговорил: „Одговорот се наоѓа во твоите раце“.
Прочитајте ja и приказната „Нема објективен свет“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.