Зајакот ѝ се потсмеваше на Желката зошто беше спора.
„Стигаш ли воопшто некаде?“ Смеејќи се зајадливо, ја праша.
„Стигам,“ му одговори Желката, „и стигам побрзо одошто мислиш. Ајде да се тркаме за да ти докажам.“
За Зајакот беше апсурдно да се трка со желката, ама од досада прифати. Па затоа Лисицата, која се нафати да биде судија, ја обележи далечината која требаше двајцата да ја изминат и ги испрати.
Зајакот уште на самиот почеток ја одмина Желката, па за уште повеќе да ја понижи и да ѝ докаже колку е всушност глупава што се трка со него, легна да дремне покрај патеката. Во меѓувреме, Желката споро ама сигурно напредуваше и по некое време го одмина и длабоко заспаниот Зајак кој, штом се разбуди и виде дека желката е пред целта, бргу потрча за да ја престигне, но не успеа. Желката победи и му докажа на Зајакот дека трката не секогаш ја победуваат брзите, туку упорните.
Прочитајте ја и Зен приказната „Одговорот е во твоите раце“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.