Ти враќам сѐ – А. Лефкоска

Ти враќам сѐ.
И болката и тагата,
и крвта и душата.

Ти враќам сѐ.
И утрото и вечерта,
и Сонцето и Ѕвездата.

Ти враќам сѐ.
Сите гадости,
сите лаги и приказни,
ретките радости,
уште поретки вистини.

Еве ти сѐ, еве и стихови,
да ја згрееш таа празна куќа без ѕидови,
да створиш смисла во себе пред огледало,
да си го смириш одвнатре отровот,
да разбереш:
не долу, туку  во тебе гори пеколот.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели