Skip to content

Лавот, човекот и гледната точка – Поучна приказна

По некој си случај, лав и човек заедно тргнаа на патување низ шумата. Одејќи неколку минути во тишина, лавот и човекот почнаа да разговараат, а потоа и да се караат зошто секој, низ разговорот, наоѓаше начин и си го фалеше својот вид. Човекот велеше дека луѓето се над лавовите, а лавот го зборуваше обратното.
Така карајќи се, налетаа на една ширинка на чија средина стоеше склуптура на која беше прикажан Херкул како му ја раскинува вилицата на Немејскиот лав.
„Гледаш,“ рече човекот, „толку сме силни ние луѓето. Кралот на животните е како восок во нашите раце!“
„Ха!“ се засмеа лавот, “Човек ја има направено таа склуптура, секако дека ќе е така. Да ја имаше направено лав, приказната ќе беше поинаква.“

Прочитајте ја и поучната Зен приказна „Рибите во реката“.

 

Напишете коментар