За денеска, од трезорот на македонската поезија ја извадивме поемата „Квечерина“ од Ацо Шопов. Прекрасна поема полна со метафори и меланхолија кои совршено го опфаќаат ритамот на затемнувањето и да, со што друго да се одбележи квечерината, ако не со оваа преубава поема? Уживајте во читањето.
Спиј. Каменот спие. Спијат водите.
Зад ридјето на твоите веѓи
со плашиците на твојот поглед
залез на сонцето.
Спиј. Каменот спие. Спијат водите.
Врз исчадената греда на твојата мисла
ко клупци во селска куќарка
излитени играчки на денот.
Спиј. Каменот спие. Спијат водите.
Над јаболкницата на твоите соништа
над јаболкницата светлотрепетлива
ѕвезди зорници.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.