Дали знаевте дека некогаш се плаќал данок за дневна светлина и свеж воздух?

Некогаш се плаќал данок за дневна светлина и свеж воздух, запрепастувачки нели? Политичарите сметале дека оние кои живеат во големи куќи треба да плаќаат повисок данок, па го вовеле „данокот на светлина и воздух“. Народот ова брзо го преименувал во „кражба на дневната светлина“.

Згради со вистински, но и “лажни“ прозорци

Ако сте прошетале по улиците на Англија можеби сте забележале необични детали на некои од зградите. На некои места сè уште можат да се видат заѕидани прозори, како некој во циглите да вградил прозорска рамка. Зградите на секој кат имаат еден прозорец кој си ја извршува својата функција, а другиот прозор е “лажен“. Тој “лажен“ прозорец некогаш всушност бил и вистински. Она што денеска го гледаме е последица на минатиот “данок на прозорци“ кој бил воведен во 1696 година за време на владееењето на кралот Вилијам Трети. Откако бил воведен данокот не само што “заживеал“ туку и со години растел!

Во периодот помеѓу 1747 и 1808 година неговиот износ се менувал, т.е. растел дури шест пати. Единствен начин на кој можело да се избегне плаќање на данокот, ако не сте сакале да се преселите во помала куќа било едноставно да ги заѕидате прозорците. Поради тоа во тој период многу згради останале без прозорци, а биле изградени и нови згради кои од самиот почеток биле без нив.

Ова било голема “болка“ за стакларите во делови од земјите. Иако пазарот на недвижнини “лудувал“ и зградите се граделе со полн капацитет, произвдоството на стакло од 1810 до 1851 година останало исто. Како крајна последица, недостатокот на дневна светлина и свеж воздух довел до појава на ширење на разни болести кај станарите што живееле во згради. Незадоволството толку пораснало што во 1852 година данокот конечно бил укинат. Зад сè ова останале само спомените и предупредувањето дека вакво нешто повеќе не смее да се повтори, во облик на прозорци кои повеќе не се тука.

Извор

Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве интересни факти за патувањето.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели