Занимливости и интересни факти за патувањето

Патувањето е интересно доживување со кое правиме спомени кои се помнат долго. Прочитајте ги во продолжение интересните факти и занимливости поврзани со него.

1. Патувањето може да ги подобри вештините за решавање проблеми и поттикнува креативност. Нови звуци, мириси, вкусови, јазици и видици создаваат нови синапси во мозокот и ја активираат невропластичноста.

2. Просечна индивидуа во Велика Британија има посетено 10 земји. Германците во просек биле во 8, а просечен Французин во 5 земји. Само 29% од Американците биле во странство.

3. Жените кои одмараат најмалку два пати годишно имаат значително помал ризик од срцев удар од оние кои патуваат на секои шест години или повеќе.

4. Мажите кои не одат на годишен одмор барем еднаш годишно имаат 20% поголем ризик од смрт и 30% поголем ризик од срцеви заболувања.

5. Губењето на пасошот и пропуштањето на летот е стресно, во целост научно е докажано дека патувањето драматично го смалува стресот.

6. Жените кои патуваат на одмор најмалку два пати годишно поретко страдаат од депресија отколку оние кои не патуваат или оние кои помалку одмараат.

7. Бидејќи патувањето ги извлекува луѓето од сопствените културни “меурчиња“, чувството на поврзаност со различни луѓе се зголемува.

8. Секоја земја во Европската Унија законски има најмалку четири недели платен одмор. Соединетите Држави се единствена развиена земја на светот без ниеден законски пропишан ден од платен одмор.

9. Франција е најпосетена земја на светот, со преку 82 милиони меѓународни посетители годишно. САД (75,6 милиони) и Шпанија (75,6 милиони) ги заокружуваат првите три места.

10. Најпрометен аеродром во САД е Меѓународниот аеродром Хартсфилд – Џексон Атланта во Атланта, Џорџија, со над 50 милиони летови годишно.

11. Малезија може да се пофали со најголем хотел на светот, Фрст Ворлд Хотел. Хотелот има големи вкупно 7.351 соба. Лас Вегас го има вториот по големина хотел на светот.

12. Единствената туристичка компанија со име „Pack Up + Go“ на патниците им закажува изненадно патување. Ги анкетираат своите клиенти, а потоа им закажуваат тајна дестинација.

13. Парите потрошени на патувања нѐ прават посреќни од парите потрошени на материјални работи.

14. Најдобрите професии за луѓе кои сакаат да патуваат се работиници од меѓународна помош, наставник по англиски, туристички водич, бармен, владин службеник и археолог.

15. VVOOF (World Wide Opportunities for Organic Farming) е програм кој на луѓето им овозможува бесплатно да патуваат во светот во замена за волонтерска работа.

16. Париз во Франција гласи за најромантичен град на светот. Венеција и Фиренца во Италија исто така се прогласени за најромантични градови.

17. Луѓето кои читаат електронска пошта и работат на компјутери додека се на одмор помалку го чувствуваат својот одмор од оние кои лаптопите ги оставаат дома. Конкретно, еден час работа доведува до 43% помалку спомени на одмор.

18. Поверојатно е дека интровертот на одмор ќе патува на планина, додека екстровертот веројатно на плажа.

19. Ходофобија е страв од патување или пат. Зборот ходо потекнува од грчкиот збор за патување или пат, а фобија потекнува од грчкиот збор за страв.

20. Музејот Лувр, првобитно изграден како тврдина кон крајот на 12-ти век, е најпосетен музеј на светот со над девет милиони посетители годишно.

21. Ксенофоб е некој кој се плаши од странци (патници од странски земји).

22. Зборот “сидеродромофобија“ означува страв од возови, железнички пруги или патување со возови. Сидеро е грчки збор за железо или железни предмети, а дромо е грчки збор за тркачки пат.

23. Иако изгледа дека светот е отворен за патување, има некои места во кои е невозможно да се влезе. Најтајните места вклучувајќи го Гугл центарот за податоци (со кодно име Проект 02), Подрачје 51, АДКС Фиренца (американски затвор со најголема безбедност) и депозитарот Форт Нокс Булион.

24. Желбата за патување можеби е генетска и може да се следи преку она што е наречен ген за скитање кои г имаат скитниците. Поврзан е со покаченото ниво на љубопитност и немир, а генот е поврзан со нивото на допамин во мозокот.

25. Паровите кои патуваат заедно имаат тенденција да изградат поцврсти врски. Луѓето природно се поврзуваат кога треба да веруваат едни на други во нови ситуации и околности.

26. Германскиот збор “фернвех“ (fernwheh) значи далечна болест или силна потреба за патување.

27. Во 2017 гoдина над 4 милијарди луѓе летале со комерцијални воздухпловци ширум светот.

28. Во текот на кулминацијата на авионскиот сообраќај кој вообичаено е петок помеѓу 14 и 16 часот во јули или август, ширум светот има повеќе од 16 илјади авиони.

29. Почетокот на кинеската Нова година ја означува најголемата човечка миграција на светот. Над 385 милиони Кинези патуваат дома на одмор.

30. Просечниот млазен мотор има над 70 илјади коњски сили. Просечен мотор на автомобилите е околу 100 коњски сили.

31. Џет-лагoт се чувствува полошо кога патувате од запад на исток бидејќи патувањето од запад на исток го скратува нашиот ден. Бидејќи нашите циклуси на спиење/будење се подолги од 24 часа, на нашиот мозок му е полесно да се прилагоди на патувањето од исток кон запад, што ги прави нашите денови подолги.

32. Најголемата човечка миграција во Америка се случува секоја година на Денот на благодарноста, со над 51 милиони луѓе кои патуваат дома за празниците.

33. Аџилакот Арбаен е најголемо јавно собирање на светот. Се одржува секоја година во Ирак, два пати е поголемо од познатиот аџилак во Мека.

34. Најкраткто патување со лет е помеѓу Вестрај и Папа Вестрај на шкотските Оркниски Острови или Оркни кои ги разделуваат копното и морето од само 43,5 киломтери. Летот трае само 47 секунди.

35. Помеѓу 1948 и 2014 година, 85 авиони се исчезнати без трага.

36. Најпосетуваниот град на светот е Бангкок во Тајланд со над 20,2 милиони меѓународни посетители. Лондон со 20 милиони посетители е втор најпосетуван град во светот, а Париз со 16,1 милиони меѓународни посетители е на трето место.

Прочитајте ги и занимливостите за пливањето.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?