Како настанал сладоледот?

За сладоледот се вели дека е најстариот и најпопуларниот десерт во светот. Историјата на овој десерт се базира на различни приказни, но две од нив се најчести.

Според првата, историјата на сладоледот започнува уште 3000 години пред наша ера, во Кина. Уште тогаш Кинезите го знаеле рецептот за сладолед кој му претходи на денешниот.

Десерт, подготвен од млеко, разладена вода и други состојки го воодушевиле светскиот патник, Марко Поло. По враќањето од далечниот исток, во 1292 година, прв запишал белешка за ледениот десерт послужен во Кублаи Кан, кој се наоѓал во областа на денешен Пекинг. Во италијанскиот двор почнал да се подготвува ледениот десерт според рецептот на Поло. Постапката и состојките биле строго чувани. Сладоледот станал десерт на богатите.

Повеќе податоци во врска со сладоледот можат да се најдат во записите од антички Рим. Имено, императорот Нерон имал снег и мраз во лето. Мразот и снегот биле чувани во посебни јами. Биле носени од планините од страна на неговите робови. Во текот на летото се користеле за да се мешаат со разни овошја и мед. Така се подготвувале разни пијалоци од сладолед.

Во 1774 година извесен Филип Ленци од Лондон пренесувал слатки во САД, вклучувајќи го и сладоледот. Истата година сладолед можело да се купи на улиците во Њу Јорк. Така започнува бизнисот не само за произведувачите на сладолед, туку и за произведувачите на кутии во кои се служел сладоледот. Познато е дека во 1813 година сладоледот е послужен на инаугуративниот танц на американскиот претседател Џејмс Медисон.

Во 19 век, сладоледот се произведувал низ слаткарските работилници во Европа. Американците во 19 век почнуваат да го произведуваат на големо. Во 1846 година Нанси Џонсон развил уред за правење и замрзнување сладолед дома, користејќи мешавина од мраз и сол. Најзначаен настан во историјата на сладоледот се смета основањето на фабрика за сладолед од страна на Џејкоб Фусел во 1851. Таму можеле да се произведуваат големи количини сладолед. Но тоа не било доволно затоа што замрзнувачот не бил измислен. Истиот бил измислен 75 години подоцна, во 1926 година.

Иако сладоледот има долга историја, за неговата огромна популарност најзаслужена е технологијата. Без замрзнувачите не ќе можевме да го пренесувам насекаде и да уживаме во него секаде. Сладолед на стапчe првпат почнал да се продава во Америка.

Како настанал сладоледот во корнет?

Сосема случајно. Во 1904 година, продавачот за сладолед Чарлс Менчес останал без метални садови за сладолед. Имал доволно сладолед и еден куп муштерии. Заедно со неговиот пријател, мигрант од Сирија, Ернест Хамви успеале да го решат проблемот. Ернест правел крцкави палачинки. Така Чалс ги завиткал палачинките како корнет и во нив почнал да го служи ледениот десерт.

Прочитајте како се користи и од каде потектнува темјанот.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?