Песна на денот: „Завеса од илјада лета“ од Рабиндранат Тагоре

Завеса од илјада лета се спушти меѓу нас
кога ти го сврте лицето од мене
и исчезна во минатото,
меѓу оние сенки каде што се губи
патеката на љубовта
среде самракот на својот исплашен сомнеж.

Мал е просторот што нè разделува-
едно поточе кое го шумоли споменот
за мигот на нашата разделба,
за потресната тага на твоите чекори што се губат.

Не можам ништо да ти понудам
освен музиката на мојата неизречена љубов,
која по тебе ќе тргне
и ќе исчезне.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели