Еден ден, некој човек со својот син се шетал во шумата. По долго одење момчето, бидејќи било изморено, застанало и се развикало, но на негово чудење, за кратко се појавил глас од планината и уште толку се развикал.
Момчето, кое било обземено од љубопитност, прашало: „Кој си ти?“, ама одговорот кој го добило назад бил: „Кој си ти?“ Ова го налутило, па повторно извикало: „Кукавицо!“ Гласот одговорил: „Кукавицо!“
„Тато, што е ова?!“ прашало момчето, исплашено гледајќи го својот татко.
„Епа, сине“, рекол таткото, „Внимавај подобро…“
Тогаш таткото викнал: „Ти се восхитувам!“, гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“ Таткото повторно викнал: „Прекрасен си!“, гласот рекол: „Прекрасен си!“
Момчето стоело изненадено, ама сè уште не сфатило што се случува. Таткото му објаснил:
„Луѓето ова го нарекуваат ехо”. Но, таков всушност е и живот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Животот е огледало на твоите дела. Ако сакаш повеќе љубов, пружи повеќе љубов. Ако сакаш повеќе добрина, пружи повеќе добрина. Ако сакаш разбирање и почитување, тогаш имај разбирање и почит. Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тој е огледало на твоите дела.“
Прочитајте и „Езоп за деца: „Јарето и Волкот“ – Поучна приказна“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.