Едно живко јаре, за да не западне во неволја овчарот го беше оставил на покривот на трлото. Јарето шеташе по покривот, те на оваа, те на онаа страна дури не го загледа Волкот застанат долу.
Наеднаш се насмеа и се приближи на ивицата, а потоа почна да го навредува, понижува и предизвикува Волкот.
„Те слушам,“ рече Волкот, „ама не можам да ти замерам за сѐ она што го зборуваш затоа што знам дека не зборуваш ти, туку покривот. Затоа, совет од мене: Не зборувај нешто од таму горе, што не би го рекол овде доле. Не зборувај нешто на едно место коешто не би го рекол на друго.“
Прочитајте ја и поучната приказна „Човекот и мачето“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.