Skip to content

Песна на денот: „Обична улица“ од Ацо Шопов

Денеска ја читаме поемата „Обична улица“ од македонскиот поет, Ацо Шопов. Песната е емотивна, носталгична и полна со тивка меланхолија, која извира измеѓу секој стих и секоја строфа. Уживајте во читањето.

Мојата улица нема куќи високи,
ни липи, ни маслини, ни багреми зелени.
Она понекогаш на мртво дрво личи
кај случајно ќе слетаат птиците иселени.

Мојата улица е мала и безимена,
со обични радости и обични грижи,
и да нема зеници од сонцето подгорени
не ќе може ништо со светот да ја зближи.

Низ мојата улица само јас поминувам
и само навечер штом се успие тишината
она се буди плашлива и измамена,
измамена од гласот на далечината.

Напишете коментар