Најубави цитати за летото, морето и сончевите денови

Најубави цитати за летото, морето и сончевите денови кажани од различни автори од различни епохи. Некои потекнуваат од многу одамна, но оригиналноста и вистинитоста на нивното значење нема да се изгубат никогаш. Прочитајте ги во продолжение токму за време на овој летен период.

Лекот за сè е солената вода: пот, солзи или морска вода. – Карен Бликсен

Животот и смртта се едно, како што се реката и морето едно. – Калил Џибран

Не можете да го преминете морето на тој начин само стоејќи и гледајќи во него. – Рабиндранат Тагоре

Жената го познава лицето на човекот што го сака како морнарот што го познава отвореното море. – Оноре де Балзак

Мораме да се ослободиме од надежта дека морето некогаш ќе се смири. Мораме да научиме да едриме и во прилика на силни ветрови. – Аристотел Оназис

За својата кариера мораш да размислуваш на начин на кој го набљудуваш океанот, одлучувајќи на кој бран ќе тргнеш, а на кој не. Некои бранови ќе бидат големи, некои мали, а некогаш морето ќе биде мирно. Твојата кариера нема да биде мирен марш кој ќе те однесе до слава. – Алан Аркин

Риболовецот знае дека морето е опасно и дека бурата е опасна, но тој никогаш не смета дека опасностите се доволна причина за да остане на брегот. – Винсент Ван Гог

Луѓето патуваат далеку за да им се воодушевуваат на планините, големите морски бранови, долгите реки, големите океански пространства, кружното движење на ѕвездите, но секогаш поминуваат покрај самите себе без никакво воодушевување. – Свети Августин

Јас секогаш вистински се одморам само кога сум сама. Дај ми малку сонце, базен и поглед на море и јас сум среќна – Миранда Харт

О, мудар човеку! Дај го своето богатство само на оние кои го заслужуваат и никако на некој друг. Морската вода која се прима преку облаците секогаш е слатка. –  Чанакија

Морето има доволно риби за сите луѓе. – Вилијам Камден

Морето не сака да биде скротено. – Рик Риордан

Морето секогаш ја исполнувало со копнеж, но кон што, никогаш не беше сигурна. – Корнелија Функе

Реката може да стане море, но таа никогаш нема да може да постигне морето да биле дел од незје. – Рабиндранат Тагоре

Ние сме како остров во море; одвоени на површината, но споени на дното. – Вилијам Џејмс

За да стигнеме до пристаништето мораме да пловиме. Да пловиме, а не да фрламе сидро. Да се плови, а не да се лута по отворено море. – Френклин Рузвелт

Помирисај го морето, почувствувај го небото. Дозволи им на својата душа и дух да летаат. – Ван Морисон

Сè добро, сè магично се случува од јуни до август. – Џени Хан

Ми се допаѓа како летото ги обвиткува рацете околу мене, како топло ќебе. – Кели Елмор

Синото небо е прекрасно, како сина ливада каде што цветаат златни цветови. – М.Ј.Загорка

Ни зборови пред величенственоста на морето, пред синиот татнеж на вечноста. – Драгутин Тадијановиќ

Одморот не е неподвижност. Понекогаш лежењето на тревата под дрвјата во летен ден, слушањето на жуборот на водата или гледањето на облаците како пловат по небото, во никој случај не може да се смета за губење време. – Џон Лубок

Лицето нека ти биде свртено кон сонцето и никогаш нема да гледаш сенки. – Хелен Келер

Ах, летна ноќ, има насмевка како светлина и седи на сафирен трон. – Брајан Проктер

Човекот во себе мора да задржи малку лето дури и сред зима. – Хенри Дејвид Торо

Долина, малку мирна вода и зраците на зајдисонце се наједноставн работи, најобични, најскапи. – Џон Раскин

Сфатив дека убавината секогаш постои некаде – во природата, сончевите зраци, слободата, во тебе самиот; тоа сè може да ти помогне. – Ана Франк

Прочитајте и дознајте кои се десетте причини поради кои во лето треба да се читаат книги.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели