Солстициј

Солстициј, сончевина, спарина, секојдневние раскршено на невидливи парчиња

Ден станува полу – ноќ,

Ноќ поробена од цел ден

Каде отишла сончевината силна , соништа ли сонува

Или се спарува во мислите на луѓето само за момент

За да исчезне без да ги праша дали сакаат да бидат дел од неа?

 

Нит соништа сонува, нит се спарува со човечки мисли

Не е спар, ами е распар со соништа,  помисли, сулуди надежи

Жално патува во бесрајот на универзумот

Каде сé снемува, сé онемува

Освен отчукуувањата на срцата сплотени

Ги  спасила од ладните разделби

На несреќните битисувања.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели