Денеска ги читаме преубавите стихови на македонскиот поет, Блаже Конески. Оваа прекрасна поема насловена „Утро“, Конески му ја посветува на домот кој се гради, но истовремено и на душата која сега му е исполнета, а зошто е тоа така, прочитајте подолу.
Наутро секиден минам
каде што домот се ѕида —
очиве слатко се шират
пораснат штом ќe го видам.
Ноќеска поросил дождец,
скелиња мокри се вишат,
небото миено свети
и влага циглите дишат.
Млад мајстор горе се качил,
сонцето зрње му блиска.
Колку е утрово јасно,
колку е небото бистро!
Мајсторе, слушај ме, чинам
ја ѕидаш куќава, друже,
не на полјанката пуста
ами во мојава душа.
И нешто во неа празно,
темно и пусто што било,
сега се полни со врева,
со смеа, говор и живот!
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.