10 цитати од Ван Гог за животот, уметноста и природата

Винсент ван Гог е холандски постимпресионистички сликар од дваесетиот век. Неговите дела поради живите бои и длабоките емоции имале огромно влијание врз уметноста во дваесетиот, па и дваесет и првиот век. Ван Гог и денес се смета за еден од најдобрите и најквалитетните сликари кои некогаш твореле. Затоа ви приготвивме десет негови цитати за животот, уметноста и природата. Уживајте во читањето.

1. „Дури и во бурата има мир.“

2. „…Вистина е дека подобро е да се биде страстен, дури и ако правите грешки, отколку тесноград и претерано претпазлив.“

3. „Од секаде сме опколени со поезија…“

4. „Срцето на човекот е како морето, има невремиња, има бранови, но во длабочината има и бисери.“

5. „Восхитувај се колку што можеш повеќе, повеќето луѓе не се восхитуваат доволно.“

6. „Постои безбедност среде опасноста. Што би бил животот доколку не се осмелиме да ризикуваме?“

7. „Иако често сум во хаос, во мене има мир, хармонија и музика. И во најсиромашната куќичка, во највалканиот агол, гледам слики или цртежи.“

8. „Сепак, чувството за уметност се развива и созрева дури подоцна низ самата работа.“

9. „Пешачете и сакајте ја природата бидејќи само така можете подобро да ја научите уметноста. Сликарите ја разбираат природата и ја сакаат, па нѐ учат нас останатите како да ја гледаме.“

10. „Ламбите горат и ѕвезденото небо е распослано насекаде.“

Прочитајте и „Винсент ван Гог – меѓу генијалноста и лудилото“.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели