Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Полжав-олжав“ од поетот за деца, Ненад Џамбазов. Песната е кратка, лесна и интересна, а кој е тој полжав-олжав и што сè тој има, прочитајте подолу.
Полжав-олжав,
куќа има
и во лето
и во зима.
Струја, парно,
телефон,
на вратата
домофон.
Кога дождец
ситен роси,
тревичката
тој ја коси.
Каде сака,
таму шета
и не прави
нигде штета.
Полжав-олжав,
дечко здрав,
не се плаши
ни од лав.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.